ВОДИЧ / ПРВИ ЧЕКОРИ

Програмирање
за почетници.

Не мора однапред да знаеш кој јазик да го избереш или како изгледа една програма. Почни со јасна цел, постепено совладувај ги основите и вежбај да го објасниш сопственото решение.

КАДЕ ДА ЗАПОЧНЕШ?

Прво одреди ја целта.
Потоа избери го патот.

„Сакам да научам програмирање“ е добра почетна идеја, но конкретна цел помага да се избере соодветен пристап. Ако подготвуваш факултетски предмет, тргни од неговата програма. Ако сакаш да создаваш веб-страници, почетните задачи ќе бидат различни од обработката на податоци или алгоритамското решавање проблеми.

За факултет

Наведи го предметот и програмскиот јазик што го користите. Часовите ги усогласуваме со материјалите на ФИНКИ, ФЕИТ и останати факултети.

Разгледај ги предметите ↗

За сопствен проект

Опиши што сакаш да направиш: едноставна веб-страница, мала апликација или обработка на податоци. Почетниот пример треба да биде доволно мал за да го разбереш.

За да ја разбереш логиката

Почнуваме со јасни проблеми, услови и последователни чекори. Целта е да можеш да предвидиш што ќе направи програмата и зошто.

КАКО СЕ УЧАТ ОСНОВИТЕ?

Мали задачи.
Сè поголема самостојност.

  1. 01

    Разбери што се бара.

    Пред да пишуваш код, кажи кои податоци ги добиваш и кој резултат треба да го добиеш. Пример од секојдневието често ја прави задачата појасна.

  2. 02

    Објасни ја постапката.

    Разложи го проблемот на чекори и провери ги со мал пример. Така полесно ќе ја поврзеш програмската синтакса со идејата што сакаш да ја изразиш.

  3. 03

    Напиши и провери решение.

    Провери вообичаен случај, празен влез ако е дозволен и вредност на самата граница. Грешката е можност да откриеш која претпоставка била погрешна.

  4. 04

    Примени го на друга задача.

    Промени еден услов или влез. Ако можеш да го приспособиш решението и да ја објасниш промената, го совладуваш концептот.

КОЈ ПРОГРАМСКИ ЈАЗИК?

Изборот зависи
од тоа што учиш.

Нема еден најдобар почетен јазик за секого. За факултетски предмет е разумно да работиме во јазикот што го користите на наставата. За самостојно учење го избираме според целта и задачите.

Python, C / C++, Java или C#

Можеме да ги разгледуваме основните идеи преку соодветниот јазик: податоци, услови, повторување, функции и организирање на програмата. Изборот го договараме според потребата.

Веб-програмирање

За интерактивна веб-страница треба да ја разбереш поврзаноста меѓу структурата, изгледот и однесувањето. Почетниот проект може постепено да ги поврзува HTML, CSS и JavaScript.

ЧЕСТИ ДИЛЕМИ

Не мора да учиш
сè одеднаш.

Колку време ќе ми треба?

Зависи од почетното знаење, целта и времето за самостојна практика. Наместо да ветуваме ист рок за секого, го договараме планот и проверуваме што можеш самостојно да решиш.

Што ако гледам видеа, но не можам да решам задача?

Обиди се да го објасниш барањето и да решиш помал пример без да го копираш кодот. На часот можеме да утврдиме кој чекор ти е нејасен и да работиме на него.

Дали АИ може да ми помогне да учам?

Може да даде насока или објаснување, но треба да го провериш одговорот. Побарај еден чекор наместо целосно решение и потоа објасни што си направил. Самото копирање не покажува дека си го разбрал материјалот.

Можам ли да учам без да сум студент?

Да. Приватните онлајн часови се наменети и за почетници што учат за своја цел. Во пријавата опиши што сакаш да совладаш и што веќе си пробал.

ПРИВАТНИ ОНЛАЈН ЧАСОВИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ

Почни од своето ниво.
Учи со јасна насока.

На индивидуалните часови се задржуваме на твоите прашања и темпо. За групни часови го усогласуваме заедничкиот материјал. Секој час се снима и снимката е достапна најмалку во текот на еден семестар.

Со Драган Јакимовски: 16-та година работа со студенти и 19 години професионално искуство. Повеќе за менторот.

ЕДЕН ПРОФИЛ / СЕКОЈ ТВОЈ ПРЕДИЗВИК

Добредојде.

Google · НаскороFacebook · Наскоро

или со твоите податоци