За студенти
Ако подготвуваш колоквиум или испит, почнуваме од предметот, темите и задачите што ги учиш. Не е доволно само да добиеш готов код: важно е да знаеш зошто решението работи и како да го примениш на друга задача.
Индивидуална работа или учење во група, со Драган Јакимовски. Разбери го материјалот, научи како да пристапиш кон задачата и развивај ја способноста самостојно да стигнеш до решение.
Ако подготвуваш колоквиум или испит, почнуваме од предметот, темите и задачите што ги учиш. Не е доволно само да добиеш готов код: важно е да знаеш зошто решението работи и како да го примениш на друга задача.
Ако немаш претходно искуство, прво ја утврдуваме целта. Потоа ги објаснуваме основите со конкретни примери и задачи со соодветна тежина. Погледни како да започнеш со програмирање.
Ако веќе програмираш, но одредена тема ти е нејасна, наведи што сакаш да совладаш. Часовите можеме да ги насочиме кон конкретниот концепт, алгоритам или дел од твојата практика.
ФИНКИ, ФЕИТ и останати факултети.
Програмата и темите ги усогласуваме пред часовите.
Во каталогот можеш да ги разгледаш темите за структурно и објектно-ориентирано програмирање, алгоритми, веб, бази на податоци и вештачка интелигенција. Испрати ги материјалите од твојата генерација за да работиме на она што ти треба.
Избери предмет и објасни кои теми ги подготвуваш. Прегледите во каталогот се поврзани со официјалните предметни програми; конкретниот план го усогласуваме со твоите задачи и потреби.
За останати факултети: наведи ја програмата и испрати ги темите што ги учиш. Часовите се независна услуга и не претставуваат официјална настава на факултетите.
Во пријавата наведи предмет, факултет ако студираш, претходно знаење и посакуван формат. Ако имаш рок за колоквиум или испит, напиши го и него.
Лично ти одговарам за да ги договориме темите, терминот, начинот на приклучување и цената. Пред часот ќе знаеш што сме договориле.
Ја разгледуваме задачата, ги објаснуваме нејасните делови и проверуваме дали можеш самостојно да ја примениш постапката.
Врати се на снимката и објаснувањата кога ти треба. Во профилот ги гледаш часовите и материјалите што менторот ги додал за тебе.
Соодветни се кога сакаш внимание на конкретен проблем, различно темпо или објаснување на теми што ти се потешки. Во пријавата наведи каде ти треба насока.
Пријави се за индивидуални часови ↗Учење преку заеднички прашања и дискусија. Темите и темпото треба да одговараат на групата; можноста и терминот ги договараме по пријавувањето.
Пријави се за групни часови ↗Мојата работа со студенти е во својата 16-та година, поткрепена со 19 години програмирање и работа на големи проекти. На часовите го поврзуваме материјалот со логиката и практичната примена.
Запознај го менторот ↗Да. Приватните часови по програмирање се одржуваат онлајн, индивидуално или во група. По пријавувањето го договараме терминот и начинот на приклучување.
Да. Во пријавата напиши дека почнуваш без претходно искуство или опиши што веќе знаеш. Така можеме да го усогласиме почетното ниво и целта. Погледни го водичот за почетници.
Да. Во каталогот на предмети има прегледи според програмите на ФИНКИ и ФЕИТ. Ако студираш на друг факултет, испрати ги предметот, темите и материјалите за да ги усогласиме часовите.
Да. Напиши кои теми ги подготвуваш, кога е проверката и каде ти треба објаснување. Работиме на разбирање и самостојно решавање, а планот го договараме според твоето ниво и расположливото време.
Форматот, терминот и цената ги договараме лично по пријавувањето. Наведи го предметот и дали сакаш индивидуални или групни часови за да добиеш конкретни информации пред да го договориме часот.
Да. Секој час се снима, а снимката е достапна најмалку во текот на еден семестар. Наменета е за твоето учење и повторување. Повеќе информации има во делот за часовите и снимките.
Име и презиме, телефон, е-пошта, предмет или област и посакуван формат. Во пораката опиши ја целта и темите што ти се потешки. Отвори ја формата за пријавување.
Преку корисничкиот профил можеш да ги прегледаш часовите што менторот ги евидентирал, додадените резимеа и линковите до снимките. За гледање на OneDrive снимка е потребна дозвола за твојата е-пошта.